Ѕвездата на Манчестер Сити Кевин де Брујн изјави дека веројатно ќе почне да бара нов клуб доколку раководството на клубот од Манчестер не ја тргне или барем намали забраната од УЕФА за настап во Лигата на шампионите. На Белгиецот не му се чека две години без настап во елитната клупска лига.

„Ја чекам разврската. Му верувам на клубот дека ќе го реши овој проблем, а и самите уверуваат дека ќе го докажат спротивното и ќе ја тргнат забраната. Кога ќе се донесе конечната одлука ќе размислам што понатаму. А две години без ЛШ е многу. Една година некако ќе се издржи, но не знам дали би можел да чекам две години“, изјави Белгиецот.