Поранешниот кошаркар на Работнички Александар Аљоша Митровиќ за „Mozzart Sport“ зборуваше отворено за својата кариера, а кажа и неколку зборови за времето поминато во екипата од Градски парк и кој кошаркар му оставил најдобар впечаток.

Имаше таму добри кошаркари. Таму играше Тодор Гечевски, значи тој е најголемиот мајстор! Да тренираше напорно, ќе играше во НБА лигата. Но, тој сака да запали цигара и да си оди во Кавадарци, каде што му е најубаво. Таму беше и Чековски кого го нарекувавме „исфрлувачот“, кој исто така беше добар играч. Се разбира, не можам да заборавам на Милан Павковиќ, со кого беше убаво да се игра затоа што ја разбираше кошарката“, изјави Митровиќ кој играше за Работнички во 2015 година, а потоа замина во Академик Пловдив.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ ОВДЕ