Во Вардар наскоро ќе бидат познати сите детали за иднината, се очекува официјализација на кам-бекот на Михајло Михајловски на чело на клубот. Добро е познато дека неговата замисла е македонскиот и европски првак да задржи поголем дел од момците кои настапуваат оваа сезона, и оние критични места да ги надполни со квалитетни странски, но и македонски имиња.

СПОРТМЕДИА дознава дека најдоброто од Еурофарм Пелистер ќе дојде токму во црвено-црните редови, за кои ќе остане задолжен Стевче Алушовски.

Станува збор за Никола Митревски, кој денеска потврди дека заминува од Битола. Репрезентативецот ќе биде одличен спој на голот со искусниот Борко Ристовски, како и младиот Марко Кизиќ. Митревски има и понудат од странство, преговорите се во тек.

Второ име од таборот на битолчани е Владислав Остроушко. Украинецот прв стрелец во ЛШ по завршување на првиот дел од сезоната. Игра на позицијата лев бек и ќе биде одлично засилување во редовите на Вардар.

За очекување е во дресот на македонскиот првак да ги гледаме Дибиров, Чупиќ, Стоилов, Ристовски, Калараш и Горбок.