Четиринаесет години по она што се случи на СП 2006 година, Марко Матераци конечно откри што точно му рекол на Зидан за овој да го удри со главата во градите, по што доби црвен картон.

Како што е познато, Италија и Франција се сретнаа во финалето на Светскиот шампионат во 2006 година во Германија, а во продолженијата 2 х 15 минути, требаше да се реши новиот светски шампион. Незаборавната случка дојде во 110. минута од мечот.

„За францускиот пенал, јас само го допрев противникот. За време на паузата, Марчело Липи ми рече да застанам близу до Зидан. Се извинив по нашиот прв дуел, но реагирав лошо. Потоа следеше уште еден, па кавги и кавги. Во 110-та минута, имавме уште еден судир, по што тој додек и ми рече дека ако толку го сакам, ќе ми го дадел дресот по натпреварот. Сè што му реков беше дека подобро да ми ја даде сестра му, отколку дресот…“, признава Матераци.

Уште во 2017 година, Зидан рече дека не е горд на она што го сторил, но тоа е исто така дел од неговата кариера и живот, па затоа мора да го прифати и да живее со тоа.