Се чини дека кризата со Ковид-19 полека стивнува, па така се буди и животот. Како што најавуваат медиумите во Хрватска, во оваа земја спортот, посебно фудбалот се враќа на сцена и тоа по пауза од два месеци. Иако утре на состаноко на УО на ХНС треба да се донесе конечна одлука, се чини дека таа ќе биде позитивна.

Тоа значи дека Аријан Адеми со својот Динамо Загреб, се разбира и со новиот тренер, треба да почне да игра фудбал, и тоа првенствени мечеви, на крајот на овој месец, поточно на 30 мај.

Интересно е тоа што ова важи само са ХНЛ, значи за Првата лига, додека останатите лиги нема да се доигруваат.