Точно 10 лица се заразени со коронавирус по првите тестови направени кај клубовите во Првата и Втората Бундеслига во Германија. Ова се резултатите кои денеска беа објавени во официјалниот извештај од локалната Фудбалска лига.

Тоа е бројка на вкупно фудбалери и членови на спортско-техничкиот штаб на сите 36 клубови. Имињата не се откриваат, но како што е веќе познато, тројца од нив се од Келн, двајца играчи и еден физиотерапевт. Тестирани се вкупно 1724 лица.

Од Келн пак потврдија дека според резултатите од вториот тест, тие немале никакви нови инфекции. Инаку, сите овие 10 пациенти се изолирани и ќе поминат 2 недели во карантин.