Покрај тоа што целосно се реновира теренот на Гратскиот стадион во Кавадарци, и ќе биде во топ состојба за следната сезона, градот продолжува со санација на целиот објект. Се средува, колку што можат и околните трибини, онаа на која беше тешко и да се стигне изминатиот период.

ГФК Тиквеш и Кавадарци како град последниот период интензивно работат да го вратат фудбалот во овој град на највисоко можно ниво. Екипата сеуште е во второлигашка конкуренција, но очигледно Кавадарчани сакаат кога конечно ќе се вратат во првата лига се да биде како што треба и Кавадарци да има стабилна и силна прволигашка екипа.