Португалските медиуми утрово потврдуваат дека нашиот репрезентативен голман Никола Митревски е многу близу до потпис со екипата на Порто.

Според информацијата, 34-годишниот голман на битолс,ки Еурофарм Пелистер е близу да му се приклучи на Порто, за да ја оформи двојката на голот на едно од најпријатните годинешни изненадувања во ЛШ, заедно со извонредниот Алфредо Квинтана.

„Рекорд“ пишува дека Митревски може да се врати во Португалија, која добро ја познава, откако две сезони помина во дресот на Бенфика. Инаку, и Вардар останува во трката за нашиот репрезентативец, па останува да се види кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.