Тотенхем е прв фаворит за потписот на Иван Ракитиќ, пишува каталонскиот весник „Мундо Депортиво“. Иако неодамна се зборуваше дека ракитиќ е многу блиску до враќање во својот поранешен клуб Севиља, сепак, по последните разговори кои со него ги имал менаџерот на лондончани, Жозе Мурињо, ситуацијата е комплетно променета.

Мурињо е сериозно заинтересиран за потписот на Хрватот, а наводно лондончани дале и подобра понуда од другите заинтересирани клубови како што се Атлетико Мадрид, Јувентус и Севиља.

Надоместокот за трансфер од 20 милиони евра, што Барселона го бара за 32-годишниот Ракитиќ, не би претставувал проблем за Спарси, додека Јувентус не бил подготвен да ја плати оваа сума, додека Атлетико ќе му понуди договор само за една година. Хрватот сака да потпише договор на најмалку две години, што Мурињо му го ветил.