Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике призна дека ќе ја заврши кариерата во дресот на каталонците и покрај сите шпекулации дека и тој наскоро би можел да го напушти тимот.

„Ќе ја завршам кариерата во Барса. Не знам кога. Колку сум постар, толку се чувствува подобро. Сигурен сум дека ќе завршам овде затоа што не се гледам себе си во дрес на друг клуб. Барселона е мојот живот и не планирам да заминам овде“, изјавил Пике.

33-годишноот централен дефанзивец е роден во Барселона. Тој игра за тимот од „Камп Ноу“ од 2008 година. Претходно беше дел и од Манчестер Јунајтед и од Сарагоса.