УЕФА се бори за продолжување на европските и националните првенства, но од европската „куќа на фудбалот“ се свесни дека конечната одлука не е во нивни раце.

„Ќе го победиме коронавирусот. Видовме дека нашиот свет колку е чувствителен и ранлив кога една ваква ситуација целосно го дестабилизира. Фудбалот е составен со позитивна енергија, а до враќањето на фудбалот луѓето ќе немаат перцепција дека ситуацијата е нормална“, рече Александар Чеферин претседателот на УЕФА и додаде:

„Фудбалот ќе се промени, но на кратко. И во минатото преживеал војни и епдимее. Наскоро ќе го имаме стариот добар фубал. Би сакале да се врати на терените што побрзо, но тоа зависи од одлуките на државните власти. Заедно со сите медицински потреби и зад затворени врати, мечевите можат да се вратат брзо, но спортот не одлучува, во прашање е политиката“.