Клубовите од двата најсилни рангови во германскиот фудбал добија „зелено светло“ за враќање на терените и тоа на 15. мај, одлучи Владата на оваа земја на чело со Ангела Меркел.

Од 11. мај голем број мерки ќе бидат променети, фудбалот ќе може да продолжи, секако без навивачи и со почитување на ригорозните правила за заштита на играчите.

Претходно голем број на тимови ги направија првите тестирања, иако имаше и позитивни случаеви, сепак Германците ќе продолжат.

Фудбалот во оваа земја беше прекинат на 9. март, веќе неколку недели тренинг камповите на клубовите се отворени, играчите тренираат индивидуално. До крајот на првенството останаа да се доиграат уште девет кола.