Шпанскиот ветеран Рафаел Надал изјави дека ќе мора да се вакцинира во случај да биде наредено сите спортисти да го направат тоа ако сакаат да се натпреваруваат и да патуваат.

Не знам. Јас не сум стручен во таа област да кажувам. Никој не може ништо да бара од никого, секој има право да го прави она што мисли дека е најдобро за него. А доколку тоа го бара тениската федерација и е задолжително за учество на турнири тогаш ќе мора да го направиме тоа“, изјави Надал.

Новак Ѓоковиќ јавно проговори дека не е за вакцинација, а има многу кои не се сложуваат со најдобриот светски тенисер.

Ако АТП ја воведе тогаш Ѓоковиќ и јас и сите останати ќе мора да се вакцинираме за да продолжиме да играме тенис на највисоко ниво. Тоа ќе биде како што имаме рестрикции во земање на лекови за да не дојде до допинг. Тоа е само следење на правила“, вели Шпанецот.