Дефинитивно стадионот Гоце Делчев во Прилеп наскоро ќе биде еден од најубавите во Македонија. Од руина каква што беше до пред извесно време, сега Пролепчани стадионот го реновираат и го средуваат од сите аспекти.

Првенствено, теренот од корен се прави нешто што е основно кога се гради еден фудбалски објект, а потоа и трибините кои ќе бидат обновени во целост.

Финишот на овој проект би требало да биде некаде до крајот на годинава, а останува потоа ФК Победа, гордоста на Прилеп, најфудбалскиот град во Македонија, да се врати на старите патеки и да биде повторно прволигаш. Во моментов клубот е што се вели на најниски можни гранки има проблем да обезбеди опстанок дури и во второлигашката конкуренција, па реновирањето на стадионот нека биде поттик и момент за освестување на сите оние инволвирани и засегнати час поскоро клубот да го подигнат на едно повисоко ниво.