Со голема тага и неверување најтрофејниот хрватски ракомететим ППД Загреб информираше дека животот трагично го загубил младиот ракометар, Јосип Бепо Кадија.

19-годишниот Кадија беше дел од ракометниот клуб ППД Загреб уште од категоријата помлади кадети, а како член на клубот двапати беше шампион на хрватското првенство за јуниори и кадети.

„Драги Бепо, до некои нови средби на некои нови ракометни терени – почивај во мир!“, напишаа од ППД Загреб.