Во поранешната држава впечатливи беа натпреварите во Скопје на Вардар против екипите од големата „четворка“, а посебно против Ц. Звезда и Партизан. Откако екс – СФРЈ и дефинитивно згасна, Вардар знаеше потоа да одигра пријателски со екипите од Балканот, а една таква беше на 5 ноември 1995 години, и тоа против белградските “црвено – бели“. Теренот на Градски беше покриен со снег, на трибините солидна посета за тоа врема и за пријателски меч, студено, речиси и да немаше услови за игра. Но тоа нималку не им пречеше на вардарци да ја згазат Ц.Звезда, некогашниот европски првак, и да ја победат со 3:0.

Стрелци на тие три гола за вардаров триумф беа Петрески, Стојковски и Марковски, а тука беа и Серафимовски, Трајчов, Шаиновски, Демир…

Вардар тогаш имаше силна екипа, но таа сезона 1995/96 за првпат во самостојна Македонија не беше првак. Имено титулата отиде во Кратово, кај Силекс, кај Ѕинго.