Поранешниот претседател на Милан, Масимо Морати, им порача на првите луѓе на „нероаѕурите“ во никој случај да не го продаваат Лаутаро Мартинез. Сепак, доколку се решат на таков чекор, тоа да го направат само ако на негово место доведат една од двете големи ѕвезди на светскиот фудбал.

„Ако успеат да го доведат Меси на местото на Лаутаро, тоа би било одлично. Ако доаѓањето на Меси е невозможно, јас би сакал да го видам Дибала во дресот на Интер”, изјави Морати .

Аргентинецот е голема желба на Барселона, но Интер бара 90 милиони евра и двајца играчи за да го ослободи Мартинез.