На 6 мај пред пет децении на „Сан Сиро“ во Милано се одигра финалето на Купот на европските шампиони. Во него холандскиот гигант со 2:1 го совлада Селтик и го крена трофејот, прв и единствен пат во историјата. Денеска, „гордоста на југот“ прославува 50 години од освојувањето на најпрестижниот пехар во Европа.

Феенорд го предводеше славниот австриски тренер Ернс Хапел по кого е наречен и стадионот во Виена. За тој тим од Ротердам играа Графланд, Јансен, Хасил, Ван Ханегем, Хенк Вери, Коен Мулејн… Селтик ги имаше Џонстон, Мек Нил, Мердок, Вилијамс, Берти Олд, Џон Хјуз, Боби Ленокс… На клупата легендарниот Џок Стејн кој само четири три години претходно ја освои европската титула како менаџер на „детелинките“ од Глазгов.

Хапел смисли одлична тактика, го удвои опасниот крилен играч на шкотланѓаните Џими Џонстон, а Хсил, Ван Ханеген и Јансен доминираа на средината на теренот.

Мечот се одигра пред 53.000 гледачи мечот во регуларните 90 минути заврши 1:1. Левиот бек Томи Гемел го доведе Селтик во водство, а само две минути подоцна дефанзивецот, воедно и капитен Ринус Исраел го изедначи резултатот. Мечот отиде во продолженија, а во 117 минута шведскиот напаѓач Ове Киндвал ги постигна 2:1.

Селтик таа сезона стана шампион на Шкотска и го освои Лига купот, додека изгуби во финалето на ФА купот. Феенорд се закити само со европската круна, додека домашниот пехар отиде во рацете на играчите на Ајакс.

Инаку Феенорд до тој прв свој европски трофеј (има уште два но во Купот на УЕФА во 1974 и 2002) стигна елиминирајќи ги исландски Рејкјавик, славниот Милан, потоа берлински Форварт (сега игра во петта германска лига) и во полуфиналето полска Легија Варшава.