Лигата на шампионите ќе продолжува на 8 август, објавија вечерва француските медиуми.

Реванш натпреварот меѓу Јувентус и Лион ќе се одигра на 8 август, а токму тогаш ќе продолжи Лигата на шампионите, пренесува „РМЦ Спорт“. Јувентус ќе го пречека Лион во Торино и ќе се обиде да ја анулира негативата од првиот осминафинален меч (0:1).

УЕФА претходно им даде рок на европските фудбалски федерации да ги завршат домашните првенства до почетокот на август. Европската куќа на фудбалот сака Лигата на шампионите да заврши во еден месец.

Французите тврдат дека имаат сигурни информации и дека доколку Италијанците одобрат, Јувентус и Лион ќе го одиграат првиот натпревар во Лигата на шампионите по скоро пет месеци.