Ако се чудевте на одлуките на ЕХФ за Ф4 турнирите во машка и женска конкуренција во Лигата на шампионите, тогаш уште почудна одлука доаѓа од Германија, од ракометната бундеслига.

Имено, тие одлучија дека победникот во Купот ќе биде решен дури во февруари идната година. Значи овогодинешниот Куп би се играл идната сезона, и така би се одлучило кој ќе биде победник!?

Ова е најмалку контроверзна одлука, ако се има во предвид дека до тогаш новата сезона ќе биде веќе длабоко на програмата, а ќе се доигрува меч кој што е од старата. Нема логика!