Финансиската криза во фудбалот не е тајна и таа ќе потрае, не е познато точно кога се ќе се нормализира и ќе се врати по старо што се вели.

Екипите бараат решенија како да ги скратат трошоците, а Борусија Дортмунд одлучи да отпушти ни помалку ни повеќе туку единаесет фудбалери. Секако, сите тие настапуваат за вториот тим, откако клубот ќе почне да функционира нормално сите ќе бидат заменети со нови.

Реално, единаесетте играчи и немаа речиси никаква шанса да заиграат за првиот тим, и ќе мора среќата да си ја побараат на друго место.

Од Дортмунд си заминуваат, Јонас Хупе, Јан Рекерт, Лусиен Хајрулук, Стивен Руперт, Доминик Ванер, Јосеп Бојамба, Ариф Ет, Стив Тунга, Јано Бајман, Емре Ајдинел и Џанлука Рицо.