Кошаркарската федерација на Италија (ФИП) одлучи да не прогласува шампион и тоа за првпат во историјата.

Поради коронавирус шампионатот беше прекинат со надеж дека ќе продолжи, но со оглед на тоа дека кошарката е еден од најризичните спортови во ова време, ЛЕГА А е донесе стави крај на сезоната.

Тимовите имаат простор за жалба на одлуката по пласманот во повисок ранг на натпреварување. Односно да поднесат барање ако сакаат промена на местото-лигата во која сакаат да се натпреваруваат, и тоа може да го реализираат најдоцна до 15.јуни.

Пред прекинот на сезоната Виртус од Болоња беше прва на табелата со ефект од 18 победи и два порази по 20 одиграни кола. Следуваат Сасари, Бреша и Олимпија Милано.

Следната сезона, согласно со предлогот на федерацијата, би започнала во октомври, до кога ќе биде дефиниран бројот на учесници во сите рангови на натпреварување.