Претседателот на Лион, Жан-Мишел Олас и натаму посакува доигрување на сезоната во Франција.

Француската федерација реши да ја заврши сезоната, откако властите забранија секакви спортски настани до крајот на август.

„Се е веќе појасно. Во повеќето држави веќе почнаа да тренираат. Ако ги адаптираме нашите методи, веројатно би можеле да го завршиме првенството. Можеби не е доцна да најдеме решение и да го продолжиме шампионатот. Имаме време до крајот на август, па дури и во септември може да ја завршиме сезоната“, рече Олас.