Челниците на најсилната кошаркарска лига во Светот, НБА, им соопштила на клубовите дека од утре може да ги отворат салите, доколку градовите им дозволат, и да почнат со тренинзи.

Тоа ќе биде со одредени рестрикции за да се спречи ширењето на коронавирусот. Вкупно шест тренери или асистенти ќе може да го надгледуваат тренингот на кој не смеат да бидат повеќе од четири кошаркари.

Ова е важен чекор за враќањето на НБА лигата која е прекината пред два месеци, а често се зборува за тоа кога играчите ќе можат да се вратат на паркетот.

Најверојатно најсилната лига на Светот ќе ја гледаме во текот на летото.