Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на две последователни трки од новата сезона во Мото ГП, кои практично ќе значат и почеток на новата сезона. Трките со кои ќе почне Мото ГП ќе се одржат на 19 и 26 јули.

Веста е потврдана денеска, откако преставниците на патеката, првите луѓе на Дорна Спорт и градоначалникот на градот Кадиз, имаа заедничка средба.

Минатиот вторник, самиот градоначалник на Кадиз изјави дека организаторот на првенството им понудил да се одржат две трки од ГП серијата на оваа патека со што би почнала новата сезона.

Договор е постигнат, што значи дека на 19 јули ќе се одржи ГП на Шпанија, како прва трка во сезоната, а една недела подоцна е ГП на Андалузија.