Навивачката група „Сити Парк Бојс“ предмалку на својот „Фејсбук“ профил објави фотографија од графит посветен на нашиот револуционер Гоце Делчев, во кој се оградува од некакви безсмислени политички игри и шпекулирања, туку објасни за што станува збор.

„Во тек е обнова на овој наш графит, кој е направен беше во лоша состојба. Некои душегрижници побрзаа да прават дневна политика од ова. Ни на крај памет не ни е да влегуваме во дебата за нашите идеали, а камоли да дозволиме некој да ги уништи.

ГОце ДЕЛчев,идеал на многу генерации!!!“, напишаа „Сити Парк Бојс“.

Очигледно дека оваа тема и чувањето на спомените од нашите револуционери и воопшто толкувањето на историјата е доста специфична и не смее да биде повод за секојдневно препукување и собирање на ситни политички поени, а одозгора да се тоа да оди на конто на навивачките групи.