Бразилската фудбалска интернационалка Формига, на свои 42. Години го продолжи договорот со тимот на ПСЖ и ќе настапива за него и следната сезона.

Една од надобрите фудбалерки на сите времиња цели 25 години игра активно и нема намера да запре, напротив и натаму ќе биде една од клучните во тимот од Париз.

Приказната на Формига е речиси неверојатна, затоа што таа е дел од најдобриот женски фудбал уште од раните деведесетти кога заигра за тимот на Сао Паоло, па се до ден денеска кога е дел од еден од најдобрите тимови во Европа. За селекцијата на Бразил има настапено неверојатни 198 пати, а беше дел од ни помалку ни повеќе туку седум мундијали.