Една од најдобрите македонски ракометарки Елена Ѓорѓиевска не е повеќе дел од Подравка. Хрватскиот клуб објави дека се разделува со шест ракометарки, поради разочарувачката сезона во која тимот остана без титула, и без настап во ЕХФ Купот, а сето тоа предизвикано од пандемијата на коронавирусот.

Така меѓу шесте се најде и македонската репрезентативка која што сега ќе треба да си бара нов клуб.

„Разговорите не беа нималку лесни со оглед дека ниту клубот ниту играчите немаа влијание на поништување на сезоната. Беше потребно доста разбирање од двете страни за да дојде до спогодбен договор“, велат од тимот на Подравка.