Некогашниот тренер на Вардар, легендарниот Веселин Вујовиќ во интервју за „Спортске новости“ рече дека доставил план за измена на правилата во ракометот. Конкретно, тој смета дека гол од 10 метри и повеќе, би требало да важи како два.

„Мој предлог е гол од 10 метри да важи како два, со тоа што би се дало шанса на екипите кои бркаат разлика на противникот. Тоа би дало на играта сосема друга димензија“, рече Вујовиќ.

Тој смета дека во ракометот треба да има ВАР технологија и дека нападите треба да се ограничат.

„Сметам дека нападите на екипите треба да се ограничат од 3о до 35 секунди. Технологијата е скапа, а ние не сме богат спорт. Ни ВАР технологија немаат сите фудбалски лиги, но ја има ЛШ и други големи натпреварувања. Сигурно со таков проект би се намалиле грешките. Грешките на судиите во ракометот многу значат“, вели Вујовиќ.