Сопствениците на Манчестер Сити, купија клуб од Белгија. Станува збор за тимот на Ломел, кој беше пред банкрот поради пандемијата со коронавирусот.

Така газдите ја искористија ситуацијата, и го купија клубот за само два милиони евра.

Покрај Манчестер Сити и Ломел, сега шеиците во сопственост ги имаат уште Монтевидео, Џирона, Њујорк Сити, Мелбурн Сити.

Се очекува за Ломел да дојдат подобри денови.