Данската влада донесе одлука кога станува збор за спортот и спортистите, порачувајќи им дека веднаш може да почнат со активности.

Фудбалската Суперлига 1 веќе одреди почеток за 29 мај, но ако сакаат можат тоа да го направат и порано, односно веднаш.

„Професионалниот спорт може веднаш да почне“, изјави премиерот на Данска за медиумите, кој напомена дека натпревари може да се играат, но без присуство на гледачи.

Што се однесува до тренинзите, тие можат да стартуваат уште денеска за да имаат доволно време да се подготват за враќање на терен до крајот на месецов.