Документарната мини-серија „Последниот танц“ се покажа како полн погодок за Мајкл Џордан. Не само што ја зацврсти неговата позиција за најдобар кошаркар на сите времиња, му донесе нова база на фановите, кои пак веднаш тргнаа да набават дел од неговиот бренд.

Откако и официјално тргна емитувањето на документарецот се зголеми побарувачката на патиките дури на 40%.

Не е само Џордан кој профитираше, тука е Скоти Пипен, чија продажба на патики скокна на 300%. Чикаго Булс исто така е на оваа листа, во моментов се бараат дресови и останати сувенири, продажбата скокна на 45%.