Кошаркарските федерации на Албанија и на Косово се во завршна фаза со планирање, подготвување за промоција на ново регионално натпреварување во кое ќе влезат екипи од двете држави.

Ова за медиумите го изјави Арбен Фетаху претседателот на кошаркарската федерација на Косово кој појаснува дека лигата која ја планираат ќе ја сочинуваат осум или пак дванаесет клубови во зависност од тоа како ќе биде договорот.

„Преговорите се при крај, промовираме заедничка лига помеѓу Косово и Албанија. Преговорите се во завршна фаза и се договараат календарот односно бројот на учесниците“, вели Фетаху, па додава:

„Идејата ни е да промовираме клубови и да го подигнеме нивото на квалитет. Планор за новиот ранг на натпреварување е да биде сличен на Балканската лига која како готов проект потоа би и го понудиле и на клубовите од Македонија, и на тој начин би ги вклучиле и нив“,  истакна Фетахи, кој вели дека оваа лига нема да значи и престанување на косовскиот шампионат.