Звучи импресивно, но така е. ФК Осогово се најде во големото друштво на европскиот и светски клупски фудбал, и тоа меѓу клубови како Рома, Јувентус, Интер, Лацио, Аталанта, Ливерпул, Челзи, Тотенхем,Барселона, А. Мадрид, Валенсија, Марсеј, Дортмунд…. Имено на покана на Рома, ФК Осогово заедно со уште 77 клубови од светот се најде во иницијативата “Фудбалот се грижи“ (Footbal Cares) кој ја води Меѓународниот центар за исчезнати деца.

Осогово ќе ги здружи силите со сите останати клубови од пет континенти во светот за “Интернационалниот ден на исчезнати деца“ на 25 мај,со надеж дека ќе помогне во пронаѓање на млади лица кои се пријавени и се сметаат за изчезнати.

Секој клуб има обврска на 25 мај да ги “отвори“ каналите на социјалните медиуми и да сподели видео во кое ќе бидат прикажани деца кои во моментов се водат како исчезнати во целиот свет.

Инаку Осогово засега е единстениот македонски клуб кој е дел од оваа иницијатива.