Претседателот на Бари Луиџи де Лаурентис се закани дека ќе ја тужи лигата доколку на Карпи му се додели четвртото и последно место за помоција од Серија Ц во Серија Б.

Клубовите во третолигашката конкуренција  постигнаа согласност да се прекине шампионатот затоа што нема услови да се доигра поради коронавирусот.

Монца, Виченца и Реџина како регионални победници треба да одат во Серија Б, а за четвртото место кое се обезбедува преку плеј-офот сега се размислува да се додели според спортски успех (најдобрата од трите второпласирани од трите третолигашки групи).

Ќе се мери просечниот број на освоени поени преку досегашните натпревари, а во тоа ептен мала предност има Карпи пред другите конкуренти. А во Бари се бесни, се чувствуваат оштетени ако се примени ова сценарио од ФИГЦ.

Кога сезоната беше прекината, Бари имаше 60 поени по 30 натпревари во Серија Ц1-Ц, додека Реџио Одас (екс-Реџана) освои 55 поени од 27 натпревари во Серија Ц-А и Карпи 53 поени од 26 натпревари во Серија Ц1-А.

А според просекот на поени Карпи (2,038 бод по меч) е пред Реџио Одас (2,037 поени по меч) и Бари (2 поени по меч).