Мајкл Џордан дозволи во документарецот „Последниот танц“ да бидат прикажани и темните детали. Меѓу споменатите моменти е инцидентот кој настанал за време на еден од тренинзите, а настрадал Стив Кер.

„Не е нешто на што сум горд. Вакви работи се случуваат во секоја екипа, тоа е нешто нормално за спортските колективи. Чудно е кога гледаш како сите зборуваат за тоа“, изјави Кер и додаде:

„Џордан ми се јави следниот ден и ми се извини. Ова беше потребно за да станеме многу подобри, меѓусебната доверба по овој инцидент беше поголема. Веќе никогаш не зборуваме за тој момент, ниту размислувавме, но често пати знаат да ме прашаат за таа ситуација“.