Има умоболни луѓе на овој свет, и тоа дефинитивно. Скандал во НБА деновиве се случува од најголеми размери. Имено прво беше шокантно да се следат написите на „твитер профилот“ на Јанис Адетокунбо, каде беа изречени погрдни зборови за неодамна починатиот Коби Брајант.

Откако самиот кошаркар на Милвоки Бакс, и еден од најдобрите во светот, објасни дека некој му го хакирал „твитерот“ стана јасно дека Јанис не мисли баш така за Коби.

Ќе го цитираме самиот Јанис, кој прво ги избриша сите гадости од својот профил, а потоа уште еднаш јавно се извини:

“Поздрав на сите. Се вратив и сакам да го објаснам инцидентот на социјалните мрежи. Бев “хакиран“ и истрагата е во тек. Твитовите беа неприкладни, многу сум разочаран и ми се гади од тоа што беше напишано“.