Српската ракометна федерација и официјално потврди дека аплицирала за вајлд-карти за место на Светското првенство следната година во Египет.

Нашиот северен сосед исто како Македонија не доби шанса со битка да дојде до Мундијалот. Континуитетот на големите натпреварувања е доволна причина за да челниците се надеваат дека токму нивната земја ќе добие „зелено светло“.

Во Египет ќе патуваат 32. репрезентација, 28 учесници се познати, ИХФ има две специјални покани, останатите две репрезентации ќе бидат добиени преку квалификации во Северна и Централна Америка.

Од Европа на СП се пласираа Данска, Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција. Место чекаат Македонија, Србија, Полска, Русија, Црна Гора…