Откако беше одложувана неколку пати уште од фебруари, шампионатот на Јужна Кореја конечно стартуваше. Секако, со спроведивање на строго пропишаните мерки, како на пример носење маски, без ракување, без непортебни контакти, и нормално без публика, мечевите од првото коло минаа без некои поголем проблеми.

Веројатно овие први фотографии од шампионатот во Ј. Кореја,  од натпреварот помеѓу  екипите на Јеонбук и Сувон кој патем заврши 1:0, ќе треба сите добро да ги запомниме затоа што така ќе изгледаат мечевите насекаде низ светот, онаму каде што шампионатите ќе продолжат да се играат во следниот период.