Убава, прекрасна вест доаѓа од Италија, земја која е една најпогодените со коронавирусот во светот. Имено како што е потрдено, трката во Формула 1 на легендарната патека на Монца сигурно ќе се вози во септември, целиот тој “циркус“ на една од најпознатите патеки во Ф1 ќе се одвива од 4 до 6 септември.

Кога сме кај Формула 1, да споменеме дека првите луѓе на „летечкиот циркус“ имаат намера сезоната да ја стартуваат на 5 јуни и тоа во Австралија, се разбира без присуство на публика. На оваа патека во сезоната, која ќе биде скратена со  оглед на проблемите со Ковид-19, ќе биде возена најмалку уште една трка.

Барем такви се плановите.