Веројатно на натпреварувањето Лига на Нации ќе дојде крајот уште по само едно издание, кое и натаму не е доиграно, со оглед дека остануваат уште бараж натпреварите.

Според пишувањата на „Дејли Мирор“, УЕФА во понеделник закажала итен состанок во кој веројатно ќе има откажување на тоа натпреварување, во кое сите селекции веќе ги дознаа своите противници.

Така Македонија е во Лигата на Нации група Ц – 2 заедно со Естонија, Грузија и Ерменија. Но, според шпекулациите, сега тоа натпреварување „виси“.