Роџер Федерер доби понуда тенисот да го замени со фудбал. Добро е познато дека Швајцарецот е голем љубител на овој спорт и дека навива за Базел, но понудата стигна од петтолигаш, Виларепос, кој се натпреварува во неговата родна земја.

Клубот веќе има подготвено договор за Федерер, како и дрес со бројот 20, кој ги означува сите негову 20 Гренд слем титули.

Иако се е подготвено, сепак е познато дека еден од најдобрите тенисери нема да ја прифати оваа понуда.