По сите напори да се врати фудбалот ова лето, и едно кошаркарско првенство, сепак, успее да издејствува продолжение на сезоната. Станува збор за шампионатот на Израел, каде Кошаркарската федерација и владата на оваа земја донесоа одлука дека кошаркарскиот шампионат ќе продолжи на 22 јуни.

Тие не губат многу време, а план за продолжение беше брзо осмислен. Сите организациски планови ќе бидат завршени до 17 мај, по што кошаркарите ќе започнат со двонеделна изолација. Уште на 1 јуни, клубовите ќе влезат во сала и ќе започнат со тренинзи, а на 22 јуни ќе започнат натпреварите од 22. коло.

Третиот круг од шампионатот ќе биде скратен, а плеј-офот ќе започне од четвртфиналето, кое ќе се игра на три добиени натпревари. Секоја екипа ќе игра домашни натпревари во сопствената сала без гледачи, а сите екипи ќе играат два натпревари неделно.