Клубот потврди дека од понеделник ја отвара салата, тренинзите ќе бидат индивидуално, но нема да бидат задолжителни.

Ќе биде интересно да се види кој ќе се појави, откако дел од играчите изразија загриженост поради стартот на тренинзите и целокупната ситуација.

Секако ќе има рестрикции за да се спречи ширењето на коронавирус, вкупно шест тренери и асистентите ќе можат да ги нагледуваат тренинзите.

Овој чекор е важен за продолжување на НБА-лигата која веќе два месеци е прекината.

Засега челниците на најсилното светско клупско натпреварување немаат намера да ја прекинат сезоната, најверојатно истата ќе се игра во текот на летото.

Следната сезона ќе почне нешто подоцна, би се играла од декембри до јуни.