Некогашниот англиски репрезентативец Питер Крауч во својата колумна на „Дејли меил“ одговараше на прашања на фановите од целиот свет. Едно прашање падна во очи кое Крауч веднаш го одговори без да размислува. На прашањето дали знае некој талентиран фудбалер кој не ужива во играњето фудбал, а Крауч веднаш го посочил Камерунецот Беноа Асу-Екото.

Има неколку, но морам да го издвојам Беноа Асу-Екото со кого играв во Тотенхем. Тој воопшто не беше заинтересиран за фудбал. Можеше да наброи пет, шест фудбалери во Премиер лигата, а освен нив немаше поим кои се другите. Се што правевме ние, тој правеше спротивно. Пред натпревар ќе дојдеше со топло чоколадо и кроасан, а ние моравме да јадеме тестенини и јајца. Не знаеше со кого играме, а не ги гледаше ни другите натпревари. Само чекаше да заврши мечот и да оди дома. Беше многу мирен и повлечен. Можеше да направи голема кариера ако повеќе размислуваше за фудбалот“, раскажа Крауч.

Асу-Екото по Тотенхем кратко играше во КПР, па Сент Етјен, а кариерата ја заврши во Мец во 2018 година. За Камерун одигра 24 натпревари.

Крауч стави крај на кариерата во 2019 година.