Голема прашина се крена околу деталите кои Џорџо Кјелини ги објави во неговата автобиографија, а се однесуваат на неговите некогашни соиграчи Фелипе Мело односно Марио Балотетели. Искусниот стопер вели дека се тоа двајцата најлоши играчи со кои ја делел соблекувалната.

„Мело и Балотели се играчите кои најмногу ме разочараа. Балотели е негативна личност која воопшто не ја почитува екипата. На мечот против Бразил на купот на Конфедерациите во 2013 година, воопшто не учевствуваше во играта и заслужи шамар. Луѓето мислат дека некогаш беше во топ петте напаѓачи, а јас ќе ви кажам дека никогаш не бил ниту во топ дваесетте. Мело е уште полош и од него. Со него секогаш сте на раб на тепачка, во клубот кажав дека тој е „труло јаболко“.

На сево ова нормално веднаш одговорија и Балотели и Фелипе Мело

„За разлика од тебе, за кој се сметаш за голем водач и капитен, и кому му е потребна книга за да дознаеме што мислиш за луѓето, јас ја имам таа доблест и храборост како личност да сето тоа го кажам влице некому. Од 2013 година наваму си имал безброј шанси да ми го кажеш сето ова в лице но се си бил доволно маж очигледно. Којзнае што мислиш за твоите сегашни соиграчи, а за жал тие тоа ќе го дознаат за неколку години кога ќе објавиш нова книга. Никогаш не покажав непочитување кон дресот на Италија, а ова што ти го правиш не е дело на човек ниту на шампион“ – рече Балотели.

Од друга страна пак Бразилецот Мело, со кого Кјелини ја делеше соблекувалната во Јувентус рече.

„Ме интересира врз основа на што Кјелини го добил тој впечаток за мене, инаку немам никаков проблем веднаш да се соочам со него. Додека бев во Јувентус апсолутно тврдам дека во нту еден момент не сум покажал непочитување спрема соиграч, тренер, член на клубот. Вели секогаш со мене било на раб на тепачка. Па зошто тогаш не ме удрил па да се истепаме како луѓе? Лесно е да плукаш по некого во книга, кога не е пред тебе и не може да ти се спротивстави. Не знам зошто ми е лут. Можеби затоа што со Галатасара го победив против Јуве, или затоа што со Бразил бев пообар против неговата Италија. Можеби затоа што со Италија има одиграно преку сто мечеви, а не освоил ништо. Имам уште многу да кажам, но тука ќе застанам, затоа што за разлика од него, јас ќе се држам до најфудбалското правило, она што ќе се случи во соблекувалната останува во соблекувалната“ – рече Мело.