Крис Смолинг одигра добра сезона во Рома. За стоперот нема веќе место во Манчестер Јунајтед, на Олд Трафорд очигледно дека немаат намера да го враќаат назад и покрај тоа што дефанзивецот е само позајмен на Олимпико.

Затоа, Јунајтед се обидува да го продолжи некако престојот на Смолинг во Италија, и паралелно со преговорите со Рома за негово останување таму, го нуди дефанзивецот и во Интер односно Јувентус. Цената на 30. Годишниот стопер е 18 милиони евра, а кој ќе се одлучи да ги потпоши овие пари за него тој и ќе го добие.

Од друга страна пак, нескриена амбиција да го врати во Англија интернациоалецот имаат екипите на Тотенхем односно Арсенал, па останува да се види каде Смолинг ќе ја продолжи својата кариера, и ќе заигра повторно на највисоко ниво затоа што олигледно дека и тоа како е способен за такво нешто.