Стручната комисија на „Спортске новости“ го реши вечното прашање: Кој е најдобриот хрватски кошаркар во историјата?

Комисијата составена од Невен Бертишевиќ, Пино Џерџа, Мирко Новосел, Жељко Павличевиќ, Велимир Перасовиќ, Јасмин Репеша, Петар Сканси, Невен Спахија и Славко Трниниќ избраа пет кошаркари, давајќи им од еден до пет поени. Како што се очекуваше, во битка за врвот беа две имиња: Дражен Петровиќ и Тони Кукоч.

И Дражен и Тони имаа огромен успех во Европа, а потоа станаа едни од ретките европејци кои со успех настапуваа и во НБА лигата. На крајот на Дражен со 34 освоени поени го победи Кукоч (33 поени), а по нив се најдоа и Крешимир Ќосиќ (26), Дино Раџа (16), Бојан Богдановиќ (8)…