Откако беше најавено формирање на нова Албанско – косовска лига во кошарка, лавина реакции од Македонија, Србија, но и други земји за тоа што ќе биде и каква ќе биде таа лига. Денеска “бомба“ од Скопје. Имено наш клуб, македонски клуб, по име Албес, кој се натпреварува во нашата Втората лига, на својот официјален “Фејсбук профил“ најави дека во целост ја поддржува оваа идеја и дека има намера да се пријави и да учествува во таа лига. Притоа од клубот посочија дека ги повикуваат и сите останати клубови да им се придружат.

Се разбира дека сега се чека реакција на Перо Антиќ, првиот човек на кошаркарската федерација, по чија “капа“ се натпреварува тој тим Албес. Во случај Албес навистина да се пресели во таа лига, тогаш кој гарантира дека и други клубови, за кои стојат етнички Албанци, нема да тргнат по нивните стапки.