Македонија на пријателските средби обично победува, посебно кога се игра во Скопје, на Градски. Па така беше и во таа далечна 2004 година, кога на 31 март ни гостуваше силната селекција на Украина, предводена од селекторот Олег Блохин, гигантот на фудбалот во некогашниот СССР и Европа. Во тој состав на Украина главна ѕвезда беше Шевченко, тогаш еден од најдобрите фудбалери во светот.

Интересно, тој уште на полувреме си замина од стадионот, очигледно гневен за тоа што му се случи во 45.минута, кога Милан Стојановски беше невнимателен и со лакт го удри во пределот на усната, притоа му скрши неколку заби. За самиот меч нема што многу да се зборува, солидна игра на нашата репрезентација и победа од 1:0,  тоа со голот на Горан Ставревски во 26.минута.

Селектор тогаш беше Драган Канатларовски, а мечот Македонија го започна со следните едианесетмина: Милошевски, И. Митрески, Митрески, Ставревски, Стојановски, Седлоски, Шумуликоски, Јанчевски, Крстев, Шаќири, Димитровск. Во игра влегоа и: Николоски, Чадиковски, Толески, Божиновски, Мустафи, Васоски, Ќумбев.

Од видеото може да го погледнете целиот натпревар одигран во март пред 16 години.